Украина

Киев бара итен состанок на Советот за безбедност

08.04.2025 08:30

Повика на остра осуда и решителен меѓународен одговор на руските злосторства...

Украина побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН и на ОБСЕ по руските напади во Кривји Риг. Повика на остра осуда и решителен меѓународен одговор на руските злосторства. Истовремено, Зеленски првпат потврди дека неговите сили се активни во рускиот регион Белгород за да ги заштитат украинските погранични градови.

„Продолжуваме да спроведуваме активни операции во пограничните области на непријателска територија и тоа е апсолутно праведно – војната мора да се врати таму од каде што дојде. Главната цел останува иста: да ја заштитиме нашата земја и нашите заедници во регионите Суми и Харков што е можно повеќе од руските окупатори“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Додека Британија и Франција размислуваат да испратат мировен контингент во Украина за да се стабилизира ситуацијата, Вашингтон тврди дека преговорите со Москва продолжуваат истакнувајќи ја можноста за брз крај на војната. Кремљ го поддржува прекинот на огнот, но ја нагласува потребата од разјаснување на позициите на Киев и контрола на екстремистичките единици.