нуклеарна програма

САД и Иран в сабота на состанок во Оман

08.04.2025 08:26

И двете страни потврдија дека в сабота ќе се сретнат на состанок во Оман, но додека Трамп најави директни разговори, иранскиот шеф на дипломатијата Абас Арагчи, вели дека тоа ќе бидат индиректни разговори на високо ниво...

САД и Иран започнуваат разговори за нуклеарната програма на Техеран. И двете страни потврдија дека в сабота ќе се сретнат на состанок во Оман, но додека Трамп најави директни разговори, иранскиот шеф на дипломатијата Абас Арагчи, вели дека тоа ќе бидат индиректни разговори на високо ниво.

Шефот на Белата куќа Трамп од Овалната соба претходно изјави дека повеќе сака договор, отколку воен конфликт.