Макрон: Го осудуваме продолжувањето на израелските напади во Газа
Макрон повика мировните преговори да продолжат веднаш...

Израелските сили продолжуваат со бомбардирањето во Појасот Газа. Додека бројот на жртви и повредени расте, се зголемува и загриженоста за хуманитарната помош во енклавата. ООН го повикаа светот итно да реагира на израелската забрана за влез на помошта. И додека Нетанјаху и Трамп во Вашингтон разговараа за земјите кои би биле податливи за преземање на раселените Палестинци од Газа, челниците на Египет, Франција и Јордан од Каиро изразија противење на какво било раселување на населението. Макрон повика мировните преговори да продолжат веднаш.
„Го осудуваме продолжувањето на израелските напади во Газа. Повикуваме на итно враќање на прекинот на огнот и ослободување на сите заложници кои сè уште се притворени од Хамас. Преговорите мора да продолжат без никакво одлагање. Сакам силно да повторам: ние сме против раселување на населението и каква било анексија на Газа, како и на Западниот Брег, тоа би било сериозна закана за регионот, вклучително и за Израел“, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.
