СЗО: Епидемијата на ебола е глобална закана за јавното здравство
Епидемијата на ебола, којашто е најобемната и најдолготрајната досега е доволно загрижувачка за прогласување меѓународна вонредна состојба. Директорката на СЗО Маргарет Чен рече дека оваа одлука е јасен повик на меѓународна солидарност, и додаде дека најверојатно многу земји нема да имаат случаи на заболени од ебола. На состанокот на Светската здравствена организација минатата недела експертите истакнаа дека земјите не ги примениле целосно препораките за заштита коишто им биле дадени уште во мај.

„Изутринава прогласувам дека моменталната епидемија на вирусот на ебола е закана за јавното здравство од меѓународни размери. Одлуката на комитетот беше едногласна поради сериозноста и необичната природа на епидемијата и потенцијалот да се пришири глобално“, изјави Маргарет Чен, директор на СЗО.
Центрите за контрола и превенција на заразни болести во САД веќе одговорија на највисоко ниво и им порачаа на своите граѓани да не патуваат во Западна Африка каде што вирусот одзеде околу 1000 човечки жртви. Првиот пациент заболен од вирусот во Европа пристигна на лекување во Шпанија. Свештеникот Мигуел Перез бил дел од една католичка хуманитарна група која има свои болници ширум свето и им помагал на заболените од ебола во Либерија. Шпанското министерство за здравство соопштило дека овој случај претставува минимален ризик по јавното здравје. СЗО напоменува дека ширењето на еболата е делумно поради слабите здравствени системи во земјите каде што се прошири, како и поради недостатокот од ресурси, човечки, финансиски и материјални. Епидемијата почна во Гвинеја во март по што се прошири во Сиера Леоне и во Либерија. За оваа болест нема лек, ниту вакцини, а стапката на смртност изнесува околу 50 насто.