Пензионираните иселеници бесплатно ќе се лекуваат
Во моментов 105 македонци пензионирани во странство се лекуваат на товар на фондот. Поради намалената цена за здравствено осигурување се очекува оваа бројка да се зголеми...

Македонските државјани што се пензионирале во странство, а се вратиле во земјава за здравствено осигурување плаќаат повеќе од 13 илјади денари месечно. Поради тоа голем дел се откажуваа и се лекуваа приватно. Од оваа причина цената е намалена на нешто повеќе од две илјади денари.
Во моментов 105 македонци пензионирани во странство се лекуваат на товар на фондот. Поради намалената цена за здравствено осигурување се очекува оваа бројка да се зголеми.
Идните брачни двојки кои се лекуваат од стерилитет, ќе можат првото ин витро да го направат со сопствен репродуктивен материјал -јајце клетки. До сега 100-на осигуренички го купуваале материјалот главно од странски дарители,за што плаќаале по две до три илјади евра. Новината ќе се применува од 16-ти овој месец.
„Увидовме дека медицината не е секогаш два и два и постои определен број на осигуренички кои што навистина можат со сопствен материјал да се оплодат и затоа напрвивме измена првиот пат да биде на товар на фондот“, смета Бранко Аџигогов од ФЗОМ.
За 7 месеци вештачко оплодување за прво дете направиле 650 парови,а за второ,100
Андријана Атанасовска
