Филков- Божовиќ: Регионална соработка во владеењето на правото
Црна Гора и Република Северна Македонија делат многу сличности во процесот на реформи, особено во рамки на евроинтеграцијата. Овие реформи, поставени преку Реформската агенда и Планот за раст, се клучни за нашиот напредок кон полноправно членство во Европската унија.

Министерот за правда Игор Филков и министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ кој е во дводневна работна посета на нашата држава, отпишаа заедничка изјава за соработка во областа на владеењето на правото и независноста на судството, со што се реафирмира заложбата за унапредување на соработката и размената на искуства во неколку клучни области, информираат од Министерството за правда.
Црна Гора и Република Северна Македонија делат многу сличности во процесот на реформи, особено во рамки на евроинтеграцијата. Овие реформи, поставени преку Реформската агенда и Планот за раст, се клучни за нашиот напредок кон полноправно членство во Европската унија.
Регионалната соработка е од суштинско значење за успешна имплементација на овие реформи, особено во правосудството. Денешната средба беше одлична можност за размена на искуства и добри практики, кои ќе ни помогнат да ги надминеме предизвиците на патот кон ЕУ, стои во соопштението.
