Македонија

Oтворен првиот Ресурсен центар за повратници во Шуто Оризари

08.04.2025 12:24

На Меѓународниот ден на Ромите во Шуто Оризари отворен првиот Ресурсен центар за повратници и маргинализирани групи...

Полесен пристап до образование, преквалификација, здравствени услуги, но и побрзи интегрирани административни услуги ќе овозможи новиот Центар за повратници во Шуто Оризари, кој ќе ги отвори вратите од следниот месец. Агенцијата за вработување е заинтересирана за соработка, а ќе се разговара и со Фондот за здравствено и пензиско осигурување и Управата за водење матични книги-велат одговорните.

Целта е да им се овозможи побрза социјализација и интеграција на повратниците од европските земји. Лицата ќе можат да се обратат во центарот кај претставниците на невладини организации кои ќе посредуваат.

Околу 100 – на Роми немаат лични документи-вели градоначалникот Дудуш, но до крајот на годината најавува дека овој проблем ќе се реши. Во време кога се побројно е старото население во земјава и недостасува работна сила, повратниците се добредојдени. Градоначалникот вети изградба на индустриска зона во општината.

Според последниот попис од 2021 година, 2, 34 насто од населението во Македонија се Роми, а 1,02 проценти живеат во странство.

 

Александра Велинова