МВР
Уапсен директор на Геријатриска болница, примил поткуп
08.04.2025 12:42
Делото го извршил заедно со посредник. Поткупот го зел за болно и неподвижно лице да биде сместено во геријатриска установа.

Уапсен директор на Геријатриска болница, примил поткуп од 20.000 евра. Информацијата за МТВ ја потврди Министерството за внатрешни работи.
Делото го извршил заедно со посредник. Поткупот го зел за болно и неподвижно лице да биде сместено во геријатриска установа.
Според неофицијалните информации, станува збор за Мухсин Арифи, директор на специјализирана болница за Геријатриска и палијативна медицина Скопје.
