Мицкоски разочаран од пресудата на судот во Тетово, бара да се преиспита работата на судијата
Премиерот Мицкоски истакна дека е згрозен од пресудата за случајот во Тетово, каде младата Теодора беше прегазена, а сторителот кој одзема млад човечки живот беше осуден на две години казна. Како што рече тој, тоа не е правда, туку целосно потфрлање на системот и побара јавно од Судскиот Совет да ја преразгледа работата на судијата...

Премиерот Христијан Мицкоски разочаран од пресудата на судот во Тетово, јавно бара да се преиспита работата на судијата кој досуди две години затвор за Менсур Пајазити, кој на пешачки премин во 2022 година ја усмрти 22-годишната Теодора Ристовска. Вели, ова не е правда, и тука има потфрлање на системот.
Во Владата денеска се одржа прва седница на новиот состав на Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата.
Известува Викторија Милевска
