евроинтеграции

Соработка за реформи во правосудството

08.04.2025 13:23

Македонија и Црна Гора ќе соработуваат при реформите во правосудството клучни за интеграцијата во Европската унија. Со меморандумот потпишан од двајцата министри за правда, се предвидува размена на искуства за подобрување на судскиот систем, независност на судството и справување со корупцијата...

Македонија и Црна Гора ќе соработуваат при реформите во правосудството клучни за интеграцијата во Европската унија. Со меморандумот потпишан од двајцата министри за правда, се предвидува размена на искуства за подобрување на судскиот систем, независност на судството и справување со корупцијата. Министерот за правда, Филков најави дека законите што треба да се усвојат за судските реформи ќе почнат да се доставуваат во собраниска процедура од идната недела.

Известува Ирина Гелевска.