Влада

Избран нов концесионер за комплексот „Македонско село“

08.04.2025 13:28

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска ја потпиша одлуката за избор на концесионер на комплексот, кој се избра на законски и транспарентен начин, по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува и оперира Министерството за финансии.

Комплексот „Македонско село“ повторно ќе стане центар на културата, автентичната архитектура и македонска традиција, наскоро ќе се врати на туристичката и културната мапа на Македонија.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска ја потпиша одлуката за избор на концесионер на комплексот, кој се избра на законски и транспарентен начин, по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува и оперира Министерството за финансии.

Концесионерот има обврска да ги преземе сите потребни активности за оспособување на Комплексот за почеток со работа од 1.06.2025 година.

Комплексот „Македонско село“ не функционира речиси седум години, откако претходните концесионери се повлекоа поради финансиски загуби, а во меѓувреме, СОЗР редовно ги исплатуваше трошоците за осигурување и обезбедување и практично имаше финансиски загуби од над 300.000 евра.

Комплексот „Македонско село“, кој се наоѓа на падините на Водно, блиску до селото Нерези, се состои од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторански дел.

Со реотворањето на комплексот, ќе бидат создадени услови за поттикнување на развојот на туризмот со што ќе се создадат услови и за зајакнување на локалната економија, отворање на нови работни места, а ќе биде унапреден и туристичкиот капацитет во Скопје што ќе влијае на зголемен број туристи не само во Скопје, воопшто и во земјава.