Тројца Кумановци добија по 15 години затвор за убиство на мигрант
Основниот суд Куманово ги осуди на по 15 години затвор тројцата Кумановци од Табановце за убиство и обид за убиство на мигрант. Убиството на еден од мигрантите се случило лани во јули, а притоа и три лица биле повредени. Тогаш, по полноќ кај селото 50-на мигранти ја минувале нелегално македонско-српската граница. Според обвинителниот акт, во обид да се ограбат мигрантите, еден од кумановците пукал со ловечка пушка по што едно лице од Бангладеш е убиено, а тројца биле ранети.

Основниот суд Куманово ги осуди на по 15 години затвор тројцата Кумановци од Табановце за убиство и обид за убиство на мигрант. Убиството на еден од мигрантите се случило лани во јули, а притоа и три лица биле повредени. Тогаш, по полноќ кај селото 50-на мигранти ја минувале нелегално македонско-српската граница. Според обвинителниот акт, во обид да се ограбат мигрантите, еден од кумановците пукал со ловечка пушка по што едно лице од Бангладеш е убиено, а тројца биле ранети. За време на судењето, обвинетите го негирале делото тврдејќи дека мигрантите ги нападнале додека ноќта ваделе компири на нивата.
