Македонија и Црна Гора ќе соработуваат за реформите во правосудството потребни за интеграцијата во ЕУ
Со меморандумот потпишан од двајцата министри за правда, се предвидува размена на искуства за подобрување на судскиот систем, независност на судството и справување со корупцијата. Министерот за правда, Филков најави дека законите што треба да се усвојат за судските реформи ќе почнат да се доставуваат во собраниска процедура од идната недела…

Нема интеграција во ЕУ без владеење на правото, ефикасен и независен судски систем и справување со корупцијата. Судските реформи се дел од првиот кластер поглавја што први се отвораат и последни се затвораат за време на преговорите со ЕУ.
Со финансиска поддршка за реформите од Планот за раст на Западниот Балкан, ЕУ помага за враќање на довербата во судството во земјите кандидатки.
Регионалната соработка при судските реформи е важна, па Македонија и Црна Гора потпишаа меморандум за размена на искуства.
Судските реформи се потребни и за враќање на довербата во судството, кое е на најниско ниво.
Ирина Гелевска
