ВМРО-ДПМНЕ: Апсурдно е токму СДС да зборува за европска стратегија и достоинство
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче во Брисел побара европските социјалдемократи да помогнат за проширувањето на Европската унија. Од ВМРО-ДПМНЕ со реакција-апсурдно е токму СДС, партијата која капитулираше пред секој услов, која го бришеше македонскиот јазик од институционални формулации и која дозволи вметнување на билатерални прашања во европскиот процес да зборува за европска стратегија и достоинство...

Потребна ни е сеопфатна социјалдемократска агенда за процесот на проширување, бидејќи тој не е само механичко прилагодување или административно спроведување на критериумите за членство, туку се повеќе станува прашање од најважно политичко и геополитичко значење, порача лидерот на СДСМ од конференцијата на социјалистите и демократите во Брисел. Филипче смета дека Владата не е подготвена да го продолжи процесот, што сериозно ја загрозува иднината на државата.
Апсурдно е токму СДС, партијата која капитулираше пред секој услов, која го бришеше македонскиот јазик од институционални формулации и која дозволи вметнување на билатерални прашања во европскиот процес да зборува за европска стратегија и достоинство, реакција на ВМРО-ДПМНЕ. Според владејачката партија, во процесот сме заглавени поради штетниот и непреговаран договор од 2022-ра, потпишан токму од СДС, без внатрешен консензус.
„Уставните измени не се закочени од ВМРО-ДПМНЕ, туку од недовербата на народот во процес што СДС го водеше без транспарентност, без одговори и со тајни додатоци. Владата на ВМРО-ДПМНЕ не одбива уставни измени, туку инсистира тие да бидат дел од поширок договор, постигнат низ демократски процес, со гаранции за идентитетот и со заштита на државните позиции, нешто што СДС апсолутно го погази“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче, симболот на пропаднатото здравство и човекот чие име стои зад една од најголемите здравствени афери, последен има кредибилитет да зборува за „грижа“ и „реформи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Милчо Велески
