Намалување на дел од царинските стапки кон САД, најави Димитриеска - Кочоска
Македонија ќе ги намалува царинските стапки. Се очекува потпишување на договорот за слободна трговија, со САД, најави министерката за финансии...

Намалување на царинските стапки за САД со измени на законот, најавува министерката Димитриеска-Кочоска. Се очекува Министерството за надворешни работи и надворешна трговија да потпише договор за слободна трговија со САД. Додава дека во моментов, само една компанија е директно засегната. Но, министерката уверува дека нема простор од стравување за отпуштања од работа, зголемување на инфлацијата и намалување на растот на краток рок.
Сè уште не е прецизирано во кој дел точно ќе има намалување, но секоја држава го штити домашното производство, вели министерката за финансии. Потенцира дека трговската размена со САД е под еден отсто или вкупно 314 милиони евра минатата година. Уверува дека нема да има директните ефекти од најавените 33 отсто царини од американската администрација за Македонија.
Во меѓувреме се разгледуваат податоците на Министерството за економија, американската администрацијата и американската амбасадата за да се утврдат разликите во пресметките. Преговорите се во насока да се докаже дека Македонија нема дефицит во трговската размена со САД, бидејќи лани извезла стоки во вредност од 110 милиони евра, а увезла за 180 милиони евра.
Александра Велинова
