Скопје
Две лами угинале во скопската Зоолошка градина
08.04.2025 17:07
Две лами угинале викендот во скопската Зоолошка градина. Обдукцијата потврдила дека причината за смртта на едната е туберкулоза...

Две лами угинале викендот во скопската Зоолошка градина. Обдукцијата потврдила дека причината за смртта на едната е туберкулоза. Се чекаат резултатите од анализи на второто животно.
Ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство, во петокот на барање на скопската Зоолошка градина спровеле вонреден инспекциски надзор, по добиена пријава за угинување на едно животно од видот лама. И за едно заболено животно од истиот вид.
