Саемите шанса за македонските земјоделци

08.08.2014 17:57

По успешно реализираните меѓународни саеми во Берлин за овошје, во Прага за вино, Вилнус и Њујорк за храна македонските змјоделски производи се повеќе барани на странските пазари. Компании од земјоделско прехранбениот сектор заеднички национален штанд ги промовираа македонските производи што помогна да се зголеми извозот. Десетина македонски компании се подготвуваат да учествуваат на саемот Конзумекспо 2014 во Москва кој ќе се одржи во септември.

Саемите велат од македонско-руската комора се врата преку која македонските земјоделски компании ќе се промовираат. Во последниве години и виното зазема се повисоко место во трговската размена. Ако во 2011-тата за рускиот пазар беа извезени количини во вредност од 211 илјади долари годинава тоа достигна еден милион долари.

„Рускиот пазар сам по себе отсекогаш е голем, интересен, привлечен и не само за македонските стопанственици, па поради тоа и потешкотиите да се пласира некој производ таму се навистина големи. Меѓутоа квалитетот и цената секогаш успеваат да бидат привлечни. Макеоднските производи, оние реално кои би можеле да кажеме дека се интересни се, покрај традиционално лековите, земјоделските прозиводи, овошје зеленчук“, вели Дејан Бешлиев од македонско-руската комори.

Наесен ќе следат и саемите во Хонг Конг за вино и алкохолни пијалаци и ProWine 2014 во Шангај.

Дијана Ценевска