Домениканска Република
Се урна покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република, најмалку 79 загинати
09.04.2025 08:03
Според локалните власти, на музичкиот концерт присуствувале многу политичари и спортисти...

Најмалку 79 загинати, а 160 се повредени во главниот град на Доминиканската Република по уривање на покривот на ноќен клуб. Според локалните власти, на музичкиот концерт присуствувале многу политичари и спортисти.
Се истражува причината за несреќата.
Надлежните досега не дадоа информации за тоа колку луѓе имало во ноќниот клуб во моментот на несреќата. Медиумите информираат за 500 до 1.000 гости. Во потрагата по затрупаните луѓе учествуваат повеќе од 370 помагачи.
