Трамп воведе дополнителни царини од 84 насто на сите кинески увозни производи
Сите стоки од Кина подлежат на тарифа од најмалку 104 проценти. Од Пекинг изјавија дека не се плашат и ќе се борат до крај. Трамп е убеден дека „Америка многу брзо повторно ќе биде многу богата“, додавајќи дека неговиот тим преговара со други земји за царините.

Американскиот претседател воведе дополнителни царини од 84 насто на сите кинески увозни производи, објави Белата куќа. Сите стоки од Кина подлежат на тарифа од најмалку 104 проценти. Од Пекинг изјавија дека не се плашат и ќе се борат до крај. Трамп е убеден дека „Америка многу брзо повторно ќе биде многу богата“, додавајќи дека неговиот тим преговара со други земји за царините.
„Америка наскоро повторно ќе биде многу богата. Ќе видите дека тоа се случува. И целата таа ситуација беше донекаде експлозивна. Неверојатно е што се случи. Но, добивме големо внимание. Имавме разговори со многу земји, над 70. Нашиот проблем е што не можеме да ги видиме толку брзо. Но, не мораме, затоа што, како што знаете, тарифите се активни, а парите се слеваат на ниво што досега не сме го виделе“, изјави американскиот претседател Трамп.
Земјите-членки на ЕУ денеска ќе решаваат за европскиот одговор на американските царини за челик и алуминиум. Блокот треба да се изјасни по предлогот на Европската комисија за реципрочни мерки на царините, воведени од Вашингтон. Како втора фаза на европскиот одговор, Европската комисија следната недела ќе претстави и план за реакција на американските царини на автомобилите и контрамерките воведени од САД.
