Претставници на САД и Русија утре на средба во Истанбул
Претходно, Советот за безбедност на ООН ги осуди интензивните руски напади во централниот дел на Украина. Двете страни да покажат воздржаност со цел продолжување на мировните дискусии, порача претставничката на САД.

Претставници на САД и Русија ќе одржат средба на 10-ти април во Истанбул со цел обновување на активностите на дипломатските мисии, кои беа значително намалени по руската инвазија во Украина, соопшти Стејт департментот.
Претходно, Советот за безбедност на ООН ги осуди интензивните руски напади во централниот дел на Украина. Двете страни да покажат воздржаност со цел продолжување на мировните дискусии, порача претставничката на САД.
„Ги повикуваме двете страни да бидат воздржани и да покажат дека посветеноста на мирот е реална. Особено, ја повикуваме Руската Федерација да има на ум дека нападите, како оние на Кривји Риг и егзекуциите на воени заробеници имаат потенцијал да им наштетат на мировните напори“, изјави Дороти Шеј, вршител на должност за Постојаната мисија на САД во ООН.
И во текот на ноќта Киев и Москва известија за гранатирања и соборени дронови. Украинскиот претседател изјави дека заробиле двајца кинески војници во борбите на истокот на земјата. Руското вклучување на Кина во војната е јасен знак дека Путин не сака да го прекине конфликтот, тврди Зеленски.
