ООН

Гутереш го отфрли новиот израелски план за контрола врз хуманитарната помош за Појасот Газа

09.04.2025 11:41

Гутереш одново повика на итен прекин на огнот и безусловно ослободување на заложниците.

Генералниот секретар на Обединетите нации го отфрли новиот израелски план за контрола врз хуманитарната помош за Појасот Газа, оценувајќи дека тоа отвора можности за натамошна контрола и ограничување на помошта за Палестинците.

Гутереш одново повика на итен прекин на огнот и безусловно ослободување на заложниците.

Хуманитарна помош не е испорачана во Газа од 2-ри март. Израел одби да дозволи влез на каква било помош додека Хамас не ги ослободи преостанатите заложници.