„Мапирање на спокојот“ - изложба на акварели од Јана Андреевска
Јана Андреевска веќе неколку децении претставува значајна фигура на меѓународната композиторска сцена. Сепак, нејзината уметничка имагинација не е ограничена само на музиката. Сликањето за авторката последниве години прерасна во интимен и автентичен творечки простор, што резултира со изложбата „Мапирање на спокојот“.
„Мапирање на спокојот“ е насловена изложбата на акварели на композиторката Јана Андреевска, која вечер од 20 часот ќе биде отворена во Културно-информативниот центар-Скопје.
Јана Андреевска веќе неколку децении претставува значајна фигура на меѓународната композиторска сцена. Сепак, нејзината уметничка имагинација не е ограничена само на музиката. Сликањето за авторката последниве години прерасна во интимен и автентичен творечки простор, што резултира со изложбата „Мапирање на спокојот“.
Таа истакнува дека создавањето музика е процес што минува низ повеќе етапи и се остварува низ различни форми на соработка, за разлика од сликањето кое го доживува како индивидуална и многу поинтимна уметничка активност, ослободена од потребата за посредници и туѓо учество.
Јана Андреевска (р.1967, Скопје) e композитор, професор на Факултетот за музичка уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и уметнички организатор во светот на современата класична музика. Таа е првата македонска жена-композитор и една од меѓународно најизведуваните македонски композиторки.
Интересот кон сликањето го пројавува уште на рана возраст, но и покрај големата желба тоа да и биде професија, целосно им се посветува на студиите по композиција и на музиката која и станува професионална определба. Со акварел почнува поактивно да се занимава во текот на пандемијата со Ковид 19.
