ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА
Расте бројот на загинати во ноќниот клуб во Санто Доминго
09.04.2025 09:05
Најмалку 100 загинати и повеќе од 150 повредени откако се урна покрив во ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република, Санто Доминго...

Најмалку 100 загинати и повеќе од 150 повредени откако се урна покрив во ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република, Санто Доминго.
Според официјални лица, меѓу жртвите се и гувернерот на провинцијата.
Инцидентот се случил за време на концерт во раните утрински часови во вторникот. Стотици луѓе присуствувале на забавата. Се стравува дека бројот на жртви дополнително ќе се зголемува.
Се истражува причината за несреќата.
