Руско - украински конфликт
Руски масовен напад со беспилотни летала врз Харков, има повредени
09.04.2025 10:11
Советот за безбедност на ООН ги осуди интензивните руски гранатирања во централниот дел на Украина...

Русија изврши масовен напад со беспилотни летала врз Харков, предизвикувајќи повеќе пожари. Има повредени.
Советот за безбедност на ООН ги осуди интензивните руски гранатирања во централниот дел на Украина. Двете страни да покажат воздржаност со цел продолжување на мировните дискусии, порача претставничката на САД.
Претставници на Вашингтон и Москва утре во Истанбул ќе одржат средба со цел, обновување на активностите на дипломатските мисии, соопшти Стејт департментот.
