УХМР

Утрово најстудено на Попова Шапка

09.04.2025 09:29

Минусни температури утрово забележани се насекаде низ Македонија...

Минусни температури утрово забележани се насекаде низ Македонија.

Најстудено со измерени-10 степени е на Попова Шапка, а по него следува и Маврови Анови со-8 степени, информираат од УХМР.

Во Крушево, Берово измерени -6 степени , -4 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Охрид, Тетово, Битола, Претор, -3 во Куманово, Прилеп, -2 во Демир Капија, Кавадарци, Велес, Виница, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Штип, 2 во Гевгелија.

Во 8 часот измерена е снежна прекривка од 9 см во Крушево, 5 во Попова Шапка и 1 во Маврови Анови.