мвр
Претрес во охридско, пронајдена дрога, приведено едно лице
09.04.2025 09:58
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава...

На 08.04.2025 во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Х.Б.(26) од с. Косел, охридско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
