МВР
Претрес во Штип, приведен дилер, пронајдена дрога
09.04.2025 20:28
Вчера во 11.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ф.С.(44) од Штип, информираат од МВР...

Вчера во 11.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ф.С.(44) од Штип, информираат од МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, пари во различни валути и апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава, стои во соопштението.
