Фудбал

Сити го купи Цукулин

09.08.2014 13:02

Англискиот шампион Манчестер сити го искористи преодниот рок за да го финализира преминот на младиот аргентински фудбалер Бруно Цукулин. 21-годишниот играч со одбранбени карактеристики од средниот рд досега настапуваше за Расинг Клуб во родната земја. Постигна 10 гола на 92 натпревара.

Цукулин беше со „граѓаните“ на подготвителната турнеа во Соединетите Американски Држави и постигна еден гол во дуелот со Канзас. „Многу сум среќен поради тоа што ќе го облечам дресот на Манчестер сити. Гледам напред и се надевам дека ќе можам да ги подобрам карактеристиките“, се радува Цукулин. Аргентинецот ќе му биде на располагање на менаџерот Мануел Пелгрини веќе на утрешниот дуел со Арсенал во „Комјунити шилд“ – натреварот за англискиот Супер куп.