Грчки државјанин уапсен на Табановце за давање поткуп од пет евра
Вчера во 10.05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.П.П.(40) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик...

Вчера во 10.05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.П.П.(40) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
Имено, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал и во зелениот картон ставил банкнота од пет евра.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
