Скопје

Поради дефект повеќе улици во Карпош без вода

09.04.2025 11:50

Поради уличен дефект, без вода за пиење во текот на денов ќе останат неколку улици на скопска територија, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје...

Поради уличен дефект, без вода за пиење во текот на денов ќе останат неколку улици на скопска територија, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Предвидено е водоснабдувањето да биде прекинато за корисниците од улиците „Волгоградска“, „Разловечко востание“, „Соле Стојчев“, „Трифун Бузев“ и „Желево“.

Планирано е корисниците да останат без вода од 12:30 часот до завршување со санација на дефектот.