Македонија

Обвинителството смета дека има основ за жалба до повисок суд по изречената пресуда во случајот за Теодора

09.04.2025 11:57

Од Основното јавно обвинителство за МТВ велат дека сè уште не ја добиле пресудата, а конечна одлука ќе донесат откако ќе ја разгледаат...

Обвинителството смета дека има основ да поднесе жалба до повисокиот суд по изречената ниска казна за Менсур Пајазити кој доби две годишна казна затвор за усмртувањето на 22 годишната Теодора Ристевска од Тетово.

Од Основното јавно обвинителство за МТВ велат дека сè уште не ја добиле пресудата, а конечна одлука ќе донесат откако ќе ја разгледаат. На прашањето зошто обвинителката поднела обвинение по членови од законот со кои не се пропишани најстроги казни, од Обвинителството одговорија дека во конкретниот случај сите докази во предметот наведени во кривичната пријава од МВР и дополнителното вештачење по наредба на јавен обвинител упатуваат дека сообраќајната несреќа со смртни последици се случила од небрежност, не со евентуална умисла.

Дека правната квалификација е неспорна, укажува и фактот што за истата е изречена осудителна пресуда од три ипол години од Основниот суд во Тетово, а Апелација ја намалил санкцијата, велат од ОЈО за МТВ.

Вчера по бурните реакции на јавноста и премиерот Мицкоски и министерот за правда Филков го повикаа Судскиот совет да ја испитаат работата на судијата кој го осуди Пајазити и да се преиспита судската пресуда за овој случај по што, претседателот Камбовски вели дека е побаран увид во предметот.