Сисоко во Астон Вила
Астон Вила се засили со Али Сисоко. Францускиот лев бек лани настапуваше за Ливерпул, но како позајмен фудбалер од Валенсија. „Судбината си ја знае работата. Токму на „Вила парк“ во Бирмингам минатаат сезона го одиграв првиот натпревар за Ливерпул, а сега, една година подоцна, ќе го облечам дресот на Астон Вила. Детално се сеќавам на тој натпревар затоа што беше прв за мене во Англија“, рече 26-годишниот Сисоко за клупскиот сајт на тимот од Бирмингам.

Французинот е четврто засилување на Астон Вила во овој преоден рок. Менаџерот Пол Ламберт претходно ги обезбеди услугите на Џо Кол, на Филип Сандерс и на Кјеран Ричардсон.