Финансиска полиција спроведува акција во кумановската фирма „Пин Петрол“
Претресот се спроведува под сомнение за проневера на пари, а биле должни да ги исплаќаат кон Јавното претпријатие за државни патишта...

Финансиската полиција спроведува акција во кумановската фирма „Пин Петрол“. Од таму за МТВ потврдија дека претресот се спроведува под сомнение за проневера на пари, а биле должни да ги исплаќаат кон Јавното претпријатие за државни патишта.
Поднесена е кривична пријава против три лица, меѓу кои е и роднина на ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој сега е координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието.
Пријавените му нанеле штета на буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта во вкупен износ од над 20 милиони денари, велат од Финансиската полиција, а повеќе информации најавија за текот на денот.
