Новата методологија за пресметка на потрошувачката кошничка готова до крајот на месецов
Во тек е изработката на Официјалната просечна потрошувачка кошница. Целта да се определат реалните паричните средства потребни за откривање на трошоците за живот на едно семејство во Македонија. Според новата методологија во потрошувачката кошница ќе нема место за луксуз, влегуваат основите трошоци. Би требало да биде готова до крајот на месецов...

Цигарите, алкохолот, станарините, одмор во странство и купување нов автомобил, не се планираат во пресметката на официјалната просечна потрошувачка кошничка, која ја креираат Министерствата за економија, земјоделство, финансии и Пазарниот инспекторат.
Конкретната методологија за утврдување на пресметката на цените ќе се базира на податоците на Пазарниот инспекторат и Државниот завод за статистика. Во делот на храната и пијалаците ќе се прави анализа на цените во различни маркети и ќе се утврдува просечната цена. Целта е да се определат реалните парични средства потребни за покривање на трошоците за живот.
И граѓаните се согласни дека просечната потрошувачка кошничка треба да се полни со основни прехранбени производи, а не со луксуз. Велат, платите треба да ги следат трошоците живот.
Согласно податоците од последниот попис на населението, едно просечно семејство брои три члена, па кошничката ќе се пресметува за тричлено домаќинство.
Александра Велинова
