Арсенал е главен фаворит за Лигата на шампионите откако го совлада Реал

09.04.2025 14:17

Избраниците на Микел Артета вчера го совладаа Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето на турнирот со 3:0.

Арсенал е главен фаворит за Лигата на шампионите според Суперкомпјутерот на британска компанија за спортска анализа „Опта“.

Избраниците на Микел Артета вчера го совладаа Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето на турнирот со 3:0.

На другиот вчерашен натпревар Интер го победи Баерн (2:1).

Суперкомпјутерот „Oпта“ ги проценува шансите на лондончани за пласман во полуфиналето на 96%, а за освојување на турнирот на 28,4%.

Реал имаат 4% шанси да се пласираат во следната рунда и 1,1% да ја освојат титулата.

Вечер ќе се одиграат првите натпревари во пресметките меѓу ПСЖ и Астон Вила, како и Барселона против Борусија.

Фото: ББС Спорт