Определен 30- дневен притвор за директорот на Геријатрија
Од скопска единица прифатено е барањето на Обвинителството поради опасноста осомничените за примање на поткуп да се дадат во бегство или да не влијаат на сведоци. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет...

30 дена мерка притвор за директорот на Геријатриската болница и неговиот помошник, одреди судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд.
Како што соопштуваат од скопска единица, прифатено е барањето на Обвинителството поради опасноста осомничените за примање на поткуп да се дадат во бегство или да не влијаат на сведоци. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Основното јавно обвинителство за гонење на криминал ја започна истражна постапка против двете лица – откако беше уапсен директорот на болницата за геријатрија, кој барал и зел поткуп од 20.000 евра за да смести во болницата лице кое било болно и неподвижно. МВР поднесе кривична пријава против двајцата осомничени.
„На 08.04.2025 година жената-сведок се сретнала со второосомничениот, кој влегол во нејзиното возило и во име на директорот директно примил износ од 20.000 евра, по што на самото место бил фатен од страна на полициските службеници“, информира Обвинителството за заедничката акција со полицијата.
Според она што го објави ОЈО ГОК, Арифи во неколку наврати го барал поткупот од лицето кое потоа како сведок го пријавило во полиција. За добивање на поткупот од посредникот биле организирани две претходни средби. Арифи барал поткуп од 100.000 евра, а 20-те илјади што ги добил биле само „гаранција“.
Марина Стојанова - Тонева
