ссм

Трендафилов: Владата не е против зголемување на минималната плата, тоа го рекоа другите синдикати

09.04.2025 17:12

По средбата во владата Сојузот на синдикатите ги омекна ставовите, Владата не е против зголемувањето на минималната плата, претседателот Трендафилов прстот го впери кон преостанатите два синдиката кои присуствувале на состанокот. ССМ ги повика на разговори и политичките партии...

Владата не е пречка за зголемување на минималната плата, туку вистинскиот проблем се другите синдикати кои го кочат процесот. Ова по состанокот во Владата го изјавија од Сојузот на синдикатите на Македонија, кои како што велат се отворени за преговори. На состанокот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за економија, Бесар Дурмиши.

„Само ССМ ги застапува интересите на работниците – бараме раст на платите во јавниот и приватниот сектор. Владата јасно кажа дека не се против зголемување на минималната плата. Важно е што Владата не кажа не може и нема да има зголемување. Тоа го рекоа другите синдикати“, нагласи првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов.

Од КСС и СОНК контра барањата на ССМ.

Од ССМ велат дека некои синдикати барале укинување на одредби од Општиот колективен договор, што е на штета на вработените во јавниот сектор.

Ги повикаа сите политички партии на разговор во Работничкиот дом за растот на платите.

По средбата на Синдикатите реагираа од СДСМ. 

Средбата доаѓа по протестот на ССМ на 2-ри април поради незадоволство од одлуката за раст на минималецот, без согласност од Економско-социјалниот совет. Нова средба ќе биде закажана најверојатно за петок.

Борис Грујоски