Собрание

Уршка Клакочар-Зупанчиќ во Скопје

09.04.2025 17:32

Словенечката претседателката на Парламентот попладнево со високи државни и воени почести беше пречекана од претседателот на македонското Собрание Африм Гаши...

Претседателката на Државниот збор на Република Словенија, Уршка Клакочар Зупанчиќ денеска и утре престојува во прва официјална посета на земјава. Словенечката претседателката на Парламентот попладнево со високи државни и воени почести беше пречекана од претседателот на македонското Собрание Африм Гаши. Се одржа и тет-а-тет средба.

Известува Миле А. Ристески.