Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

10.04.2025 08:08

Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на повисоките планини повремен слаб снег...

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на повисоките планини повремен слаб снег. Ќе дува умерен, а во источните делови и долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремен дожд, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.