Земјоделците скептични за здружување во задруги
За година и половина од кога е донесен законот за задругарство, во државата формирани се 15-сетина задруги. Земјоделците сеуште се сеќаваат на лошите искуства од работа во задругите, а за странските експерти токму расцепканоста на земјоделството го нагласуваат како главна пречка за негов развој ...

Земјоделците се уште скептични за здружување во земјоделски задруги. Од една од првите задруги формирани во струмичкиот крај Веге фреш, велат дека кај земјоделците се уште преовладуваат искуствата од претходниот систем, од друга страна, тешки им се финансиските трошоци кои ги имаат на грб за денешното задругарство.
И странските експерти како проблем го гледаат расцепканото македонско земјоделство. Швајцарците советуваат, освен окрупнување, да има и јасно и прецизни дефинирани односи во договорното производство од самиот почеток до реализацијата.
Во Македонија се формирани 15 задруги за година и пол од донесувањето на новиот закон. Задругарите добиваат од 7 до 15 проценти во зависност од обемот, а меѓудругото користат и поволности за осигурување и набавка на механизација.
Катерина Давчева
