Берзите вртоглаво растат откако Трамп објави пауза за царините
Акциите нагло пораснаа откако американскиот претседател Доналд Трамп прогласи 90-дневен прекин на новите „реципрочни царини“ за повеќето држави со цел да се овозможат преговори.

По периодот на опаѓање откао американскиот претседател ги воведе царинските тарифи, американските акции забележаа значителен скок за време на вчерашното тргување.
Сите значајни просеци- „СиП 500“ , „Дау Џонс“ и „Насдак“ забележаа брз пораст, регистрирајќи ги најголем раст во последниве години.
Во раните часови од денот, акциите покажаа неодлучност, но нагло пораснаа откако американскиот претседател Доналд Трамп прогласи 90-дневен прекин на новите „реципрочни царини“ за повеќето држави со цел да се овозможат преговори.
Министерот за финансии, Скот Бесент, подоцна на прес-конференција појасни дека царините ќе бидат одложени и дека ќе се плаќа основна царина од 10 проценти за увоз на речиси сите стоки во САД.
Одложувањето нема да се однесува на претходно воведените секторски тарифи за автомобили, челик и алуминиум, како и на тарифите од 25 проценти за Канада и Мексико, а во наредните месеци Вашингтон ќе преговара со трговските партнери за нови услови за меѓусебна трговија.
Фото: АП
