Граѓаните задоволни од шалтерските службеници
Се повеќе граѓани задоволни од шалтерските службеници. За нив, пак, работата со странките претставува предизвик и голема одговорност. Велат дека постојано се трудат клиентите да бидат задоволни од услугата...

Услугите на администрацијата одат на подобро – покажуваат анализите. Мислењето на граѓаните е дека односот на шалтерските работници напреднал. За нови документи не чекаат долго време, се оди според закажаниот термин.
„Порано беа големи гужви, неуслужливи, сега се многу пофини... Пољубезни и поуслижливи... Закажувањето оди побрзо и не се чека многу ред... Сега засега сме многу задоволни... За 10 дена, 3 пасоши беа готови по регуларна постапка, односот е супер, коректен, фер...“, велат анкетираните граѓани.
Оние што се зад шалтерот велат дека секојдневно се среќаваат со различни луѓе и проблематики, и поради тоа мора да се има трпение и да се одговори на предизвикот.
„Секоја работа си бара поголема одговорност, а нашата работа со странки е подинамична, сето тоа не ни претставува проблем. Сите ние гледаме секоја странка да биде најдобро услужена, задоволна од нашата услуга што ја даваме“, вели Соња Стојковска – шалтерски службеник во Аагенцијата за катастар.
Од пред 3 години граѓаните можат да ја оценуваат работата на оние кои се наоѓаат зад шалтерот.
Ана Јосифоска Тодоровска
