Економија

Потребни се долгорочни мерки по ударот од царините, сметаат дел од економистите

10.04.2025 12:37

Тактизирање и докажување на зависноста на останатите земји од САД се причините за одлуката на американската администрација за реципрочни царини, сметаат дел од економистите. Премиерот Мицкоски телефонски разговарал со државниот советник за економија на САД Лутник. Се согласиле да продолжат со зајакнување на економското и стратешко партнерство и зголемена соработка во клучни сектори.

Намалување на долгот, но и тактизирање и докажување на зависноста на останатите земји од САД, се причините за одлуката на американската администрација за реципрочни царини според дел од економистите. По само една недела откако беше донесена одлуката претседателот Трамп ги одложи царините за 90 дена за пријателските земји кои не направиле реципрочни царини во кои се вбројува и Македонија. Остануваат царините за Кина и тоа зголемени за 125 отсто, што експертите го оценуваат како разгорување на трговската војна.

Краткорочно нема ризици, но на долг рок поради изложеноста на домашната економија кон европската економија ќе се почувствуваат, велат експертите. На глобално ниво царините би предизвикале пад на растот, а зголемување на инфлацијата, а американската економија се очекува да влезе во рецесија.

Премиерот Мицкоски телефонски разговарал со државниот советник за економија на САД Лутник.

 

Александра Велинова