Скопје

Во пожарот кај Клинички зафатени две возила и фасада на зграда, нема повредени

10.04.2025 12:05

Нема повредени лица во пожарот што избувна претпладне во патничко возило во движење на ул. „Владимир Назор“ во близина на Клинички центар...

Нема повредени лица во пожарот што избувна претпладне во патничко возило во движење на ул. „Владимир Назор“ во близина на Клинички центар. Со пожарот било зафатено уште едно возило и фасада од зграда.

Во СВР Скопје во 09.50 часот било пријавено дека на ул. „Владимир Назор“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „Цитроен Ксара“ со скопски регистарски ознаки во движење, управувано од М.Г. од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „Фиат Пунто“ и фасада од зграда. Од екипа на бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, соопштија од МВР.

Од Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирано е со едно возило и четири пожарникари.