Над 150 кинески војници се борат на страната на Русија, уверува Зеленски
САД и Русија ги продолжуваат преговорите во Истанбул. На фронтот-војна со дронови. Над 150 кинески војници се борат на страната на Русија, уверува Зеленски...

САД и Русија ги продолжуваат преговорите во Истанбул, следната недела се очекува нова рунда разговори меѓу Киев и Вашингтон.
На фронтот-војна со дронови. И двете страни обвинуваат за напади и соборени беспилотни летала.
Украина соопшти дека Москва почнала нова офанзива на североистокот од земјата. Над 150 кинески војници се борат на страната на Русија, уверува Зеленски. Кина е клучен поттикнувач на руската војна-вели европската шефица на дипломатијата. Пекинг ги негира изјавите.
„Заробените кинески државјани се во Киев. Имаме информации и за други кинески државјани во руската армија – со имиња, презимиња и опис и како влегле во рускиот окупациски контингент“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
„Јасно е дека Кина е клучниот поттикнувач на руската војна. Без нивна поддршка, Русија не би можела да ја води војната во износ како што тие го водат ова. Гледаме дека 80% од стоките со двојна употреба всушност влегуваат во Русија преку Кина. Јасно е дека ако Кина сака навистина да ја прекине поддршката, тогаш тоа ќе има влијание“, истакна Каја Калас, министер за надворешна политика на ЕУ.
