Некој добро заработи од променливата царинска политика на Трамп
Полудеа светските берзи по одлуката на Трамп да го суспендира американскиот вселенски скок на тарифите. Кривата на њујоршкиот „Дау Џоунс“, јапонскиот „Никеи“, европските берзи од неколку процентни поени во минус, за само 24 часа достигнаа и до 10 во плус. Некој добро заработи од неочекуваната променливост во економските политики на американската администрација …

Првиот ефект во глобалната економија беше падот на цените на нафтата, и раст на американскиот долар. Валутата се лизна на јапонскиот јен, но зајакна во однос на еврото. Неизвесноста продолжува, актерите во трката по пари и профит се крајно внимателни. Што ново следува од шефот на Белата куќа? Индексот на кинеската берза скокна, иако двете држави се во царинска војна.
„Имавме добар ден за нас на берзите, Америка победува, правиме рекорди. Употребивме лек таму каде што треба. Ниеден претседател досега не го направил ова досега, јас го направив. Претседателот Ши е многу паметно момче. Мислам дека на крајот ќе дојдеме до многу добар договор за двете земји“, рече американскиот претседател Доналд Трамп.
Кина ги продава акциите на светските берзи. Хонгконгшката берза, која се отвора втора по токиската во светот, претрпе незапаметени турбуленции, брокерите не знаеја дали да продаваат или да купуваат.
„Се е сè уште нестабилно, од Трамп не знаете што да очекувате. Заканата од глобална рецесија не исчезна. Ако Кина ослободи еден трилион долари во американските вредносни хартии, ќе предизвика хаос на финансискиот пазар. Покрај заканата од инфлација, друго не знаеме што да очекуваме“, вели Френсис Лун, извршен директор на „Глобалните акции“.
Во јавноста протекоа и првите информации за спасот на светската економија. Клучни министри кои го убедиле Трамп во негативниот исход на царинските стапки биле секретарите за финансии Бесент и за економија Лутник. Особено првиот, кој на приватниот имот во Флорида го разубедил Трамп.
„Сега сакаме да соработуваме со нашите сојузници и со трговските партнери кои не реагираа. Не беше толку тешка нашата порака. Ќе тргне на добро“, нагласи Скот Бесент-министер за финансии на САД.
Во Европската унија сè повеќе преовладува мислењето за бесцарински трговија со Вашингтон. Понудата на Брисел треба да им биде претставена на американските партнери, изјави грчкиот премиер Мицотакис.
Зоран Богатинов
