Собрание

Утврдена листата на кандидати за членови на Програмскиот совет на МРТ

10.04.2025 14:26

Од 37 кандидати, првиот собраниски филтер го минаа 24 кандидати. Останатите имале нецелосно доставени документи кои се пропишани со закон.

Собраниската Комисија за избори и именувања ги утврди кандидатите кои ги исполнуваат условите за членови во Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија.

Од 37 кандидати, првиот собраниски филтер го минаа 24 кандидати. Останатите имале нецелосно доставени документи кои се пропишани со закон.

Еден кандидат не го мина комисискиот филтер бидејќи членовите на комисијата сметаа оти тој веќе бил два мандат член на Програмскиот совет на МРТ.

За понеделник е закажана јавна седница на Комисијата за избори и именувања, на која кандидатите ќе се претстават пред членовите на собраниското тело.