14 Сообраќајки викендов

16.12.2013 16:06

Екипите на Итната медицинска помош во Скопје за време на викендот интервенирале кај 14 сообраќајни несреќи со 21 повредено лице. Ова е зголемен број од вообичаеното затоа што во текот на работната недела просечно интервенираат кај 2 до 3 сообраќајки.

Екипите на Итната медицинска помош во Скопје за време на викендот интервенирале кај 14 сообраќајни несреќи со 21 повредено лице. Ова е зголемен број од вообичаеното затоа што во текот на работната недела просечно интервенираат кај 2 до 3 сообраќајки. Жителите на главниот град не се приспособиле на временските услови и се опуштиле за време на викендот,најверојатно и поради предновогодишната еуфорија,информираат оттаму.Во однос на други интервенции, според директорката Маја Поповска нема зголемен број повици.Просекот за мозочни и срцеви удари што побарале брза помош  е околу  3-4 дневно.Нема ниту зголемен број  интервенции за белодробни заболувања поради загадениот воздух. Лекарите им  препорачуваат на  хронично болните  навреме да ја земаат неопходната терапија.

 Соња Стојановска