Слаб интерес за животно осигурување во Штип

09.08.2014 16:47

Исклучително слаб интерес за осигурување на животот и домовите во Штип. Полиси за ваков вид на осигурување склучиле одвај 2-4 отсто од население. Причините за ова е немањето но не толку на пари, колку на навика и традиција...

Жителите на Штип  повеќе сметка водат за автомобилите  отколку за  животот и куќите. Процентот на осигурување на домовите е одвај  2, додека на живот 4. Ова практично значи дека на секој 100, осигурани се само два стана и четири животи.

Дали на овдешните луѓе  домот и животот им значат толку малку или нискиот процент на осигурување е резултат на нешто друго

„Се мислам дека нама да ми треба. Не знам, можеби би требало да се осигураме, но не сме знаеле, никој не ни објаснил“,  е ставот на анкетираните штипјани.

Од друга страна, секој 20-ти  сопственик на автомобил во регионот има платено каско осигурување

„Па тоа е  заради безбедност од еконоски аспект. Несреќите на патот се чести, па ако дојде до нив, д аима кој да ја надомести штетата“, сметат штипјани.

За разлика од кај нас  процентот на  осигурување  во светот  се движи од 60 – 80. 

„ Јас живеам во Австралија. Лично мене ми се осигурани сите автомобили, имам животно осигурување, осигурен ми е домот, па дури и мебелот“, вели Петре Арсов- иселеник во Австралија.

Ова е резултат на поголемиот стандард, но и на големата свест за предностите на животното осигурување. Нешто што  кај  нас го сфатиле малкумина осигуреници.

„Јас како корисник на полиса за животно осигурување можам да кажам дека таа ми нуди нешто повеќе од штедење. Тоа е една програма за штедење на капитал, финансиска сигурност за во стари денови, но и безедност за нашите најблиски во случај на несреќи“, смета  Сашо Јованов, осигуреник.

Додека кај нас, осигурувањето на домот и животот  е малку атрактивно, во Европа тоа се развива уште од 16 век. Првата осигурирелна полиса, во денешна смисла на зборот е потпишана во 1536 година на вредност од 400  тогашни фунти.

 

Оливера Жежова