Доцни терапијата за онколошките пациенти
Пари има, но лекови нема. Онколошките пациенти се соочуваат со истите предизвици, болеста нема со што да ја лекуваат...

Пари има, но лекови нема. Онколошките пациенти се соочуваат со истите предизвици, болеста нема со што да ја лекуваат.
Од „Хема-Онко“ реагираат до надлежните, пациентите да добијат терапија пред празниците. Првиот лек го снемало на 15-ти март до завршување на тендерската постапка и испораката на лековите на клиниката би била околу 1-ви мај, а со тоа некои пациенти месец и половина ќе бидат без терапија.
Како и тендерот во административен лавиринт е заглавена и постапката дел од онколошката терапија да се подигнува од аптеките за да се намали метежот на Клиниката за онкологија. Од „Хема-Онко“ реагираат дека турканиците на клиниката остануваат, кадарот е ист, а се зголемува бројот на пациентите.
Најавената дисперзија на онколошките пациенти по други клиники сè уште не се случи.
Наташа Јанчиќ – Менковски
